Top Sport

Сред пандемија на КОВИД, Нејмар прави петдневна журка со 500 гости!

Нејмар е на удар на критиките во Бразил за неговата огромна забава со 500 гости во Рио де Жанеиро, додека земјата се бори со пандемијата на КОВИД-19, од која починаа околу 190.000 Бразилци.

Забавата во неговиот дом во Мангаратиба, Рио, се оддржала со бенд кој ги забавува неговите гости, кои ќе го поминат времето во неговата дискотека во подрумот за да не се пречи на соседите.

По негово барање, на забавата не се дозволени мобилни телефони, за случајно да не се појави видео од забавата, кое би предизвикало нови контроверзи.

Scroll to Top