Top Sport

Блејзерс во драма подобри од Рокитс, во Њујорк ништо ново

Предводени од Си Џеј Меккалам и неговите 44 поени, Портланд трејлблјзерс стигнаа до својата прва победа во новата НБА сезона по драматично продолжение со 128:126 против Хјустон рокитс.

Меккалам постигна тројка на шест секунди пред крајот на мечот за 128:126, за во следниот напад Џејмс Харден да згреши и Портланд да ја однесе победата. Претходно имаше многу пресврти – во првото полувреме Хјустон го диктираа темпото и имаа 16 поени разлика, но Портланд се врати во третата четвртина од мечот предизвикувајќи интересен финиш.

Покрај Меккалам, Дамијан Лилард додаде 32 поени, додека за Рокитс, Харден заврши со 44 поени и 17 асистенции, а Кристијан Вуд додаде 31 поен.

Кај Њујорк никс ништо ново, откако дома загубија со високи 89:109 од Филаделфија сиксерс, за втор висок пораз во првите две кола во лигата.

Џоел Ембид имаше 27 поени и 10 скока, останувајќи без пораз против Никси, кои ги немаат победено Филаделфија веќе 13 меча во низа (односно од сезоната 2017/18).

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Оклахома сити 107:109

Детроит – Кливленд 119:128 ОТ

Вашингтон – Орландо 120:130

Њујорк – Филаделфија 89:109

Чикаго – Индијана 106:125

Сан Антонио – Торонто 119:114

Јута – Минесота 111:116

Портланд – Хјустон 128:126

Сакраменто – Феникс 106:103

Scroll to Top