Top Sport

Српската премиерка со закана за фудбалските ѕвезди

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ влезе во остар напад на дел од српските интернационалци кои решија во екот на пандемијата со корона вирусот да се вратат во својата татковина за да избегнат изолација.

„Постојат примери на фудбалери, кои имаат повеќемилионски договори во странски земји, а се враќаат тука и не се во изолација. Мислам дека нашите органи треба да се позанимаваат со нив“, изјави Брнабиќ.

Досега само српскиот фудбалер на Фиорентина, Душан Влаховиќ има позитивен тест на корона вирусот, но тој се наоѓа во изолација во Фиренца, како и другите фудбалери во Серија А.

Scroll to Top