Милош Вељковиќ – дефанзивецот кој е во ростерот на српкиот селектор Драган Стојковиќ, а кој настапува за германскиот второлигаш Вердер Бремен синоќа постигна атрактивен погодок на дуелот што неговиот тим го доби против АУЕ (4-0).
Се играше 19 минута кога Вељковиќ во казнетиот простор изведе потег кој го нарекуваат „скорпија“, погоди во стилот на Златан Ибрахимовиќ.
По голот, тој остана да лежи на тревата не верувајќи во она што го направи.
Еве како изгледаше ситуацијата: