Top Sport

Вориорси ја прекинаа серијата од 18 победи на „сонцата“ – Клиперси се „газди“ во ЛА

Кошаркарите на Феникс санс имаа 18 победи во низа во НБА лигата сезонава, но ноќеска тимот на Голден стејт вориорс им се испречи на патот.

„Вориорси“ предводени од Стеф Кари славеа на домашен терен со 118:96 и се вратија на првото место на Западот.

Одличниот Кари мечот го заврши со 23 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Дербито на Лос Анџелес им припадна на Клиперси, славеа со 115:119.

„Езерџиите“ беа без Леброн Џејмс, а гостите беа предводени од Маркиф Морис со 21 и од Пол Џорџ со 19 поени.

Ова се сите ноќешни НБА резултати:

Индијана пејсерс – Мајами хит 104:113
Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 101:116
Атланта хокс – Филаделфија 76-ерс 96:98
Бруклин нетс – Минесота тимбервулфс 110:105
Хјустон рокетс – Орландо меџик 118:116
Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс 91:107
Јута џез – Бостон селтикс 137:130
Голден Стејт вориорс – Феникс санс 118:96
ЛА лејкерс – ЛА клиперс 115:119

Scroll to Top