Top Sport

Федерер се врати на првото место, нов пад на Ѓоковиќ

Роџер Федерер и Рафа Надал повторно ги сменија местата на АТП листата. Федерер се врати на првото место, откако Надал не успеа да ја одбрани титулата на мастерсот во Мадрид.

Федерер е светски број 1 иако ја пропушти целата сезона на земјана подлога. Швјацарецот со 8.670 бода ја започна својата 309.недела на чело на АТП листата.

Надал е втор, тој има 7.950, речиси 2.000 повеќе од победникот во Мадрид, Александар Зверев. Следуваат Григор Димитров (4.870), Марин Чилиќ (4.770), Хуан Мартин дел Потро (4.540).

Кевин Андерсон и Доминик Тим ги земенија позициите, Јужноафриканецот е седми со 3.600 поени, а Австриецот осми со 3.545 поени.

Во Топ десет се уште и Џон Изнер (3.305) и Давид Гофан (2.930).

Голем пад на најновата АТП листа доживеа Новак Ѓоковиќ. Србинот не успеа да го одбрани минатогодишното полу-финале, поради што назадуваше за шест позиции и сега е 18.во светот.

Ова е најлошата позиција на која се наоѓа Ѓоковиќ уште од 2.октомври 2006 година, кога беше 22. во светот.

Scroll to Top