Иако е вообичаено навивачите да прават глупости на трибините, односно да ги гаѓаат фудбалерите и тренерите со предмети, во Србија има поинаков случај – тренерот на Раднички Крагуевац, Ненад Лалатовиќ успеа да добие црвен картон поради гаѓање на навивач.
На гостувањето кај Радник Сурдулица во меч од плејаутот во српската Суперлига, Лалатовиќ ја загуби контролата по извиците од трибините, по што ја зеде правдата во свои раце уште во осмата минута од мечот. Веднаш доби црвен картон.
Gospodin Lalatović… pic.twitter.com/VuXzDbcih8
— Generacija✖️ (@IDRadosevic) April 15, 2022