Фудбалерите на Србија вчера направија неверојатна сензација со драматичната 2:1 победа над Португалија со голот на Александар Митровиќ за пласман на Мундијалот, а по мечот покажаа и големо срце.
Пред клучниот натпревар, за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси српскиот претседател Александар Вучиќ вети премија од милион евра, и сега фудбалерите во договор со селекторот решија парите да ги донираат за лечење на болни деца.
Секоја чест!