Top Sport

Станчиу не клекнал против Англија во солидарност со Кудела

Романскиот репрезентативец Николае Станчиу решил да не клекне на едно колено пред стартот на пријателскиот меч со Англија вчера во знак на солидарност кон својот соиграч од Славија Прага, Ондреј Кудела, кој доби суспензија од 10 меча поради расизам.

Чешкиот репрезентативец Кудела ја доби казната, поради која ќе го пропушти ЕУРО 2020, откако УЕФА одлучи дека го навредувал фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара на расна основа во хаотичниот дуел од Лига Европа.

„Тој беше суспендиран 10 меча без докази. Не верувам дека клечењето е решение за ништо“, изјави Станчиу по мечот.

Кудела доби 10 меча суспензија за расизам

 

Scroll to Top