По веста дека некој член на хрватската репрезентација која во 1998 година го продава својот бронзен медал од СП Франција, поранешниот репрезентативец, Марио Станиќ вели дека тој никогаш не би го направил тоа, но ги сфаќа причините.
„Некому тој медал значи многу, на некој од нас тој симболизира неверојатна радост и вечност, но за некој е само парче метал од кој може добро да се заработи. На некои им вреди 5.000 евра, на некои 100.000 евра, на некои можеби и милион. Но, за некои тоа парче медал е свет грал, едноставно непроценлив. Но, денеска, луѓето ги продаваат своите ставови, уверувања, внатрешни органи. Жените ја продаваат својата невиност, политичарите националните интереси, свештениците религиите, државниците своите народи. Брат го продава братот. Би било сензација некој да не сака да продаде нешто“, вели Станиќ.
Анонимен Хрват го продава бронзениот медал од Франција 1998!