Top Sport

Станишиќ ја најави катастрофата на Баерн, на Тухел не му се допаѓа правилото за заем

Томас Тухел не го криеше незадоволството по поразот на Баерн во Леверкузен (3:0).

Германскиот стручњак беше особено лут поради фактот што еден од головите за „фармацевтите“ го постигна Јосип Станишиќ, играч кој Баерн го позајми во Леверкузен.

Младиот играч е на едногодишна позајмица во Баер, а правилата во Бундеслигата се поинакви во однос на, Премиер лигата.

Во Англија фудбалер не може да игра против матичниот клуб, во Германија тоа е дозволено.

„Во Англија го имаат ова убаво правило дека кога ќе позајмите играч, тој не може да игра против вас. Тоа ми има многу повеќе смисла. За жал, правилото не важи во Германија“, вели Тухел.

Станишиќ за Баерн одигра само 41 натпревар, но со клубот освои три титули.

Хрватскиот фудбалер ја најави катастрофата на Баерн во Леверкузен, но не го прослави голот.

Сезонава забележа 20 настапи за „фармацевтите“.

Баер Леверкузен е лидер во Бундес лигата со пет поени повеќе од Баерн Минхен.

Scroll to Top