Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, емотивно го прослави освојувањето на првото место во групата и пласманот во осмина-финалето во Лига Европа. Станковиќ смета дека ова е најголемиот успех на клубот по освоената европска титула во Бари.
Црвена звезда, синоќа, одигра 1:1 во Брага. Во моментот кога Марко Гвида означи крај на натпреварот, Станковиќ влета на теренот, славеше во стилот на својот учител од Интер, Жозе Мурињо.
„После Бари, овие момци испишаа историја. За ова зборувавме. Тоа е тој натпревар, тоа е тој момент. Не уништија повредите, сепак собрааа сила и успеаја. Ова е успех за сите во клубот. Освоивме 11 поени во оваа група“.
Освојувањето на првото место значи дека Црвена звезда ќе го „скокне“ плеј-офот, во кој ќе играат екипите кои испаднаа од Лигата на шампионите.
Look at what topping the group means to Dejan Stankovic and Red Star Belgrade ?? pic.twitter.com/8mkNe09tHQ
— DAZN Canada (@DAZN_CA) December 9, 2021