Новиот тренер на Црвена звезда Дејан Станковиќ ги демантира шпекулациите за можниот трансфер на Марио Балотели.
Српските медиуми неколку дена по именувањето на Станковиќ за тренер на црвено-белите пренесоа вест дека Балотели во јануари би можел да се пресели во Белград.
„Супер е што пишувате околу тоа, но тоа не е вистина. Тоа нема да се случи“, рекол Станковиќ.
На белградските новинари тој им открил дека Италијанец ќе има во Црвена звезда, но во неговиот стручен штаб. Федерико Панончини е тренерот што ќе биде задожен за физичката подготовка на фудбалерите.
„Со него соработував во Интер во 2012 година, а подоцна и во Удинезе“, истакнал новиот тренер на Црвена звезда.