Top Sport

„Старата дама“ ќе се ослободи од Арон Ремзи?

Јувентус размислува за продажба на Арон Ремзи по само една сезона во Торино, пренесуваат медиумите во Италија.

Ремзи минатото лето дојде во Јуве од редовите на Арсенал, а неделната плата му изнесува 400.000 фунти. Но има проблеми со повредите, па сезонава одигра само 12 меча.

Синоќа Јуве загуби нагости кај Верона, а Ремзи влезе во игра во последните 18 минути, додека „црно-белите“ имаа водство, што ја убедило Управата на клубот дека треба да се ослободи од Велшанецот, пренесе „Тутоспорт“.

Сепак, тренерот Маурицио Сари смета дека на Ремзи му треба време да се навикне.

„Да дојдеш од Англија и да играш овде не е лесно. Имаше бројни проблеми на почетокот. Моравме да почекаме, а сега ми се допаѓа како изгледа“ смета Сари.

И додека беше дел од Арсенал, Ремзи често имаше проблеми со повредите. За лондонскиот клуб одигра 262 меча и постигна 40 гола, а во два наврати беше прогласен за играч на сезоната кај „топчиите“.

Scroll to Top