Top Sport

Шефилд со пресврт победа над Борнмут за 5. позиција во ПЛ (видео)

Екипата на Шефилд Јунајтед дојде до нова победа во Премирлигата во рамки на 26. коло, против екипата на Борнмут иако имаше негаива на мечот.

Домашните фудбалери доминираа на стартот на мечот, но сепак гостите први стигнаа до предност. Се играше 13 минута кога Борнмут преку Вилсон доаѓа до водство од 0-1.

Домаќините успеаја во последните моменти од првото полувреме да го израмнат резултатот. Стрелец на погодокот беше Шарп.

Се намали темпото во второто полувреме, немаше поголеми возбудувања на двете страни. Сепак победата отиде за домашната екипа благодарение на резервистот Ландстрaм. Тој во 84 минута одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со убав гол донесе голема радост за публиката.

Со овој триумф, Шефилд моментно е на високото петто место на табелата во Премиерлигата.

Scroll to Top