Top Sport

Реал ја среди Осасуна во Памплона и се одлепи на +6 од Барса (видео)

„Кралевите“ од Мадрид лесно се справија со ривалот од Памплона, екипата на Осасуна. Реал со 4-1 славеше гостински триумф, петти во низа, за берем на неколку часа да и избега на Барселона на + 6 бода на табелата во Ла лига.

Изненаадувачки, Осасуна беше екипата која прва дојде во водсрво, уште во 14 минута преку Гарсија.

Сепак Реал уште во првото полувреме успеа со два гола да ја врати предноста на своја страна. Иско во 33. и Серхио Рамос во 38 минута беа стрелци на головите за предност на Кралскиот клуб од 1-2 на полувреме.

Интересен податок е тоа што Рамос со денешниот погодок влезе во историја затоа што 17 сезони по ред во Ла лига е стрелец на најмалку еден погодок.

Иако Осасуна во вториот дел напаѓаше, бараше шанса за погодок за реми, сепак нововлезениот Лукас во 84. Минута на асистенција на Бензема зголеми на 1-3 и практично ги сруши надежите на домашните за поволен резултат.

До крајот на мечот во 92. минута конечно во листата на стрелците се запиша и нововлезениот Лука Јовиќ, постигна убав погодок за конечни 1-4.

Scroll to Top