Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ го комплетираше трансферот во Трабзонспор, потпишувајќи тригодишен договор со клубот од Турската Суперлига.
29-годишниот Стариџ остана без клуб откако му истече договорот со европските шампиони во јуни, заминувајќи по шест години на „Енфилд“, постигнувајќи 67 гола во 160 меча.
Стариџ ја почна професионалната кариера во Манчестер сити во 2006 година, пред да замине во Челси три години подоцна, пред да потпише со Ливерпул во 2013. Покрај тоа, тој играше како позајмен фудбалер и во Болтон и Вест Бромвич Албион. Во кариерата тој ја освои титулата од Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите со Челси, пред лани да освои уште еден трофеј од ЛШ со Ливерпул.
Announce:
✍ We sign a 3 year contract with the free agent footballer Daniel Sturridge. #Trabzonspor ?? pic.twitter.com/iuZiPl5dmb
— Trabzonspor_en (@Trabzonspor_EN_) August 21, 2019