Top Sport

„Старите зелени“ Сент-Етјен ќе го предизвикаат богатиот и моќен ПСЖ (видео)

Сент-Етјен, клубот со најголем број на француски лигашки и куп титули кој е на 16. место во Лига 1, ќе му се спротистави на супер-богатиот Пари Сен-Жермен во финалето на Куп де Франс по драматичната 2:1 победа над Рен.

Сент-Етјен, популарните „Зелени“ имаат 10 лигашки титули и 6 куп титули, но последниот трофеј го освоија во далечната 1981 година, и нивните навивачи ќе треба да се надеваат на чудо против „светците“ кои вчера со 5:1 го прегазија Лион на гости.

Рен дојде во водство на „Жефри Гишар“ во 33. минута со гол од пенал на М’Баје Нијанг, но Сент-Етјен израмни преку Тимоти Колодзиејжак во финишот на полувремето. Овој резултат остана до 94. минута кога Ријад Будабуз, кој влезе од клупата стрелаше прецизно од работ на шестнаесетникот за „лудило“ на стадионот.

Финалето се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 25 април.



Scroll to Top