Top Sport

Атлетик се спаси и закажа баскиско финале од Копа дел реј (видео)

Атлетик Билбао ќе се судри со својот стар баскиски ривал Реал Сосиедад во финалето на Кралскиот шпански куп, откако успеа да извлече 2:1 пораз на гости кај Гранада, и оди понатаму само поради правилото „гол во гости“ по домашната 1:0 победа.

Гранада дојде во водство во 48. минута преку Карлос Фернандез, а кога Херман Санчез во 76. минута зголеми на 2:0, домаќините имаа резултат со кои ќе го обезбедеа финалето.

Меѓутоа, во 81. минута Јури Берчиче постигна одличен гол за радост на гостите и обезбедено финале, кое ќе се игра на 18 април.

Атлетик ќе игра за својата прв трофеј од 1984 година, кога клубот од Билбао ја освои двојната шпанска круна, додека Сосиедад игра за прва титула од 1987 година, кога го освоија Кралскиот куп.



Scroll to Top