Top Sport

ЦСКА го понижи Панатинаикос во Атина! (видео)

ЦСКА Москва „протатне“ низ „ОАКА арената“ во Атина, победувајќи го Панатинаикос со 97:66 во дуел од 28. коло од Евролигата, нанесувајќи им го највисокиот пораз во историјата на ова натпреварување на славниот грчки клуб.

Ова е трет последователен пораз за Панатинаикос и шести пораз во последните седум меча, по што тие паѓаат на 14-14 скор, додека „Армејците“ сега имаат 19-9 скор.

Даран Хилиард имаше 21 поен, кратејќи го обидот на Панатинаикос за камбек во третата четвртина со две тројки, Мајк Џејмс додаде 18 поени и 5 асистенции, а Кајл Хајнс имаше 13 поени и 8 скока. За Панатинаикос, само Дешон Томас (12) и Ник Калатес (10) имаа двоцифрен број на поени.

Реал Мадрид дома добро се испоти со АСВЕЛ за да стигне до 87:78 победа, нивна седма во низа во Евролигата. Џејси Керол имаше 19 поени и два скока, помагајќи Реал да се врати од негативата во второто полувреме, Фабиен Косер имаше 15 поени, а Усман Гаруба додаде 10 поени, 6 скока и 2 асистенции.

Реал го подобри скорот на 21-6 и е на добар пат да обезбеди домашна предност пред плејофот, додека АСВЕЛ сега има 10-17 скор.

ЕВРОЛИГА, 28. КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Жалгирис Каунас 76:75 (12:27, 25:14, 10:12, 19:13, 10:9)

Панатинаикос – ЦСКА Москва 66:97 (22:32, 16:16, 13:17, 15:32)

Реал Мадрид – АСВЕЛ Лион 87:78 (14:20, 25:18, 28:25, 20:15)

Валенсија – Армани Милано 81:83 (12:19, 16:17, 20:12, 17:17, 16:18)

Scroll to Top