Унаи Емери се покажа како „кошмар“ за Манчестер јунајтед, откако во својот прв меч на клупата на Астон вила ја прекина серијата без пораз на „ѓаволите“ со фантастична 3:1 победа. Од друга страна, Њукасл се искачи на третото место на табелата во Премиерлигата по уште една солидна партија и 4:1 победа на гости кај Саутемптон.
Ерик Тен Хаг се „смири“ со Кристијано Роналдо, поставувјќи го Португалецот како капитен на „Вила парк“, но стартот беше кошмарен за гостите. Леон Бејли во седмата минута ја искористи конфузијата во одбраната на Јунајтед за рано водство, за веќе во 11. минута да биде 2:0 откако Лукас Дињ постигна прекрасен гол од слободен удар.
Надежи за камбек донесе Лук Шо во финишот на првото полувреме, кога со помош на фудбалерот од средниот ред на Вила, Џејкоб Ремзи намали на 2:1. Но, кога требаше да се вратат, Јунајтед повторно примија лесен гол во 49. минута токму преку Ремзи, кој се оправда по автоголот.
На „Сент Мерис“ пак, тимот на Еди Хау повторно беше импресивен. Мигуел Алмирон ја продолжи неверојатната сезона со нов гол во 35. минута, а победата беше потврдена експресно во второто полувреме преку Вуд (58.) и Вилок (62.). Роман Перо во 89. минута намали на 1:3, за Бруно Гимараеш да ги постави конечните 1:4 во 91. минута.
ПРЕМИЕРЛИГА, 15.КОЛО
Астон вила – Манчестер јунајтед 3:1
Саутемптон – Њукасл 1:4
Вест хем – Кристал палас 1:2