Top Sport

Со нападнатиот Пабло Мари на трибините, Монца до победа над Верона

Пабло Мари, кој уште се опорвува од шокантниот напад во еден супермаркет кога беше избоден во грб, беше на „У-Пауер стадионот“ во Монца за да им даде инспирација на неговите соиграчи да стигнат до 2:0 победа над Верона.

Шпанецот, кој игра како позајмен во тимот во сопственост на Силвио Берлускони, беше еден од шесте луѓе кои беа нападнати со нож во супермаркет, вклучувајќи го продавачот, кој почина од повредите, и по неколку дена во болница, беше на стадионот за д навива за неговите соиграчи.

На теренот, во борба за поени за избегнување испаѓање од Серија А, Монца успеа да стигне до 2:0 победа. Во 58. минута, по одличниот пробив на Патрик Чурија, Карлос Аугусто стрелаше за предност, за во 89. минута од мечот, Колпано да зголеми на 2:0.

Scroll to Top