Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија е еден од најдобрите во светот, а дека е тоа така говори и статистиката, која е повеќе од импресивна.
Облак е член на Атлетико од јуни 2014 година, тогаш клубот на Бенфика и плати 16 милиони евра.
Почнувајќи од сезоната 2014/2015, Словенецот на 72 натпревари успеал да ја сочува својата мрежа, а на 71 натпревар примил гол.
Атлетико во минатото одби неколку понуди за трансфер на својот голман, во лии договор стои откупна клаузула од 100 милиони евра.
Клубот веќе неколку месеци е во преговори со голманот за потпишување на нов договор.