Top Sport

Стативата ги спаси Корејците од пораз против Уругвај

Уругвај и Јужна Кореја одиграа без голови, во првиот натпревар во Х-групата на Светското првенство во Катар.

Бавно темпо, мал број на шанси и само 16 прекршоци, тоа е лајт-мотивот од пресмeтката Уругвај-Јужна Кореја.

Уругвајците беа поблиску до победата, стативата два пати беше сојузник на Кореја и голманот ким.

Диего Годин, кој го одигра 160. натпревар за Уругвај, ја погоди стативата во 43.минута, а во стативата заврши и ударот од 25 метри на Федерико Валверде во 89.минута.

Јужна Кореја најсериозната шанса ја имаше во 34.минута, кога Хванг од изгледна позиција, шутираше над голот.

За четири дена Уругвај ќе игра против Португалија, а Јужна Кореја против Гана.

Scroll to Top