Top Sport

Стерлинг се согласил да се пресели во Барселона

На почетокот на оваа недела, „Спорт“, донесе информација дека Барселона ќе биде активна на пазарот во јануарскиот преоден рок. Овој каталонски медиуми издвои двајца фудбалери, Рахим Стелринг и Дани Олмо.

Барселона се обиде да ги донесе оваие двајца и во летниот преоден рок, но Манчестер сити ја одбија понудата за Стерлинг, додека Лајпциг не сакаша да се откаже од Олмо последниот ден од преодниот рок.

Според овој извор, работите се смениле кога е во прашање Стерлинг. Англискиот репрезентативец, ја прифатил понудата.

„Неколку недели постојат контакти на релација Барселона-Стерлинг. Фудбалерот сака да го напушти Сити. Му се допаѓа идејата да го предводи нападот на Барселона“, пишува „Спорт“.

Слична информација, во саботата, објави и англиски „Мирор“. Според овој извор, играчот се согласил во зимскиот преоден рок да се пресели на „Ноу Камп“.

Барселона, откако остана без Меси и Гризман, има пари да ја покрие неговата плата.

Прашање е само како ќе реагира Пеп Гвардиола на овие информации, тој не дозволи Стерлинг да замине од клубот во летниот преоден рок.

Scroll to Top