Top Sport

Ирвинг: Бог ме штити од коронавирусот

Кајри Ирвинг, ѕвездата на Бруклин Нетс, упорно одбива да се вакцинира против коронавирусот. По тој повод, Ирвинг се огласи на Твитер.

„Мене и моите блиски не чува Бог. Заедно сме во ова“, напишал Ирвинг.

За случајот на кошаркарот на Бруклин се огласија од градот Њујорк. Мерките не можат да го спречат Ирвинг да тренира со соиграчите.

„Мерките не важат за Бруклин Нетс, бидејќи тоа е приватна компанија и тие не можат да го спречат Ирвинг да доаѓа на работа, односно не можат да му забранат да тренира. Тренинг центарот на Бруклин се смета за приватна зграда, во која оние кои не се вакцинирани можат да влезат“, стои во соопштението што го објавија градските власти на Њујорк.

И покрај тоа што Ирвинг доби дозвола да тренира, тој нема да може да ги игра натпревари во НБА лигата.

Scroll to Top