Top Sport

Стерлинг: Уште ги сакам Ливерпул!

Иако секогаш е пречекуван на „Енфилд“ со свирежи, асот на Манчестер сити Рахим Стерлинг вели дека неговата љубов кон Ливерпул уште е тука и не отфрли враќање во стариот клуб.

25-годишниот Стерлинг има уште три години од договорот со Манчестер сити, откако пристигна на „Етихад“ од Ливерпул во 2015 за 49 милиони фунти. Тој се приклучи на академијата на Ливерпул од Квинс парк ренџерс во 2010, пред да дебитира на само 17 години во март 2012 година, по што имаше 129 настапи и 23 гола за „црвените“.

Но, неговото заминување уште не е простено од навивачите, иако тој во Инстаграм сесија на прашања и одговори призна дека Ливерпул му е во срцето.

„Да бидам искрен со вас го сакам Ливерпул. Не ги извртувајте работите,  тие се уште во моето срце, бидејќи тоа е тим кој направил многу за мене кога раснев“, вели Стерлинг.

Стерлинг освои две титули од Премиер лигата, еден од ФА купот и три од Лига купот со Манчестер сити, постигнувајќи 89 гола во 230 меча за тимот на Пеп Гвардиола.

Scroll to Top