Top Sport

Матераци пак го провоцира Ибра: Можеш ли вака? (видео)

Марко Матераци и Златан Ибрахимовиќ три години беа соиграчи во Интер, но потоа станаа лути ривали по трансферот на Швеѓанецот во Милан и „лошата крв“ секогаш остана.

Во декември, двајцата беа вклучени во интересна „Интернет-војна“, откако Ибрахимовиќ се пофали дека го „пратил во болница“ Матераци, а овој му одговори дека е одлично што заминал од Интер, бидејќи со него немаше да ја освојат Лигата на шампионите.

Сега, предмет на „боцка“ на Матераци му стана новиот предизвик со жонглирање на тоалетна хартија, по што Италијанецот не пропушти да посочи дека Златан нема ЛШ во својата кариера, откако во видеото во кое жонглира го покажа трофејот, па го означи Швеѓанецот.

„Да видиме дали можеш вака, ако уште го сакаш овој пехар“, напиша Матераци на социјалните мрежи.

Матераци му врати на Златан: Да не заминеше, немаше да победиме! (видео)

Матераци: Златан мисли дека е Бог, и најверојатно е во право

Scroll to Top