Легендата на бугарскиот фудбал и на Барселона, Христо Стоичков не можеше да се воздржи и упати „боцка“ кон Реал Мадрид по нивната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите, објавувајќи фотографија на која е со надгробен споменик со грбот на Реал Мадрид.
Поразот од Ајакс доаѓа откако во два последователни меча Реал загуби од Барселона на домашен терен (3:0 и 1:0). Фотографијата нормално ги налути навивачите на Реал, кои бесно реагираа на социјалните мрежи.
Стоичков помина седум години на „Ноу Камп“ постигнувајќи 162 гола во 341 настапи и во подоцнежните интервјуа не ја криеше омразата на „клубот кој не вреди да му се спомене името“.
„Секогаш ќе го мразам Мадрид. Има нешто во тој тим што ми оди на нерви. Подобро земјата да се отвори и да ме проголта, отколку да прифатам работа за нив. Искрено, не сакам ниту да зборувам за нив, бидејќи ми се повраќа“, има изјавено Стоичков.
¡TE AMO STOICHKOV! pic.twitter.com/dCOMVprx4Z
— Barça. (@somblaugranas) March 7, 2019