Филипе Кутињо не треба да помислува да побара нов клуб ова лето, вели легендата на Барселона, Христо Стоичков одговарајќи на неверојатните шпекулации дека Бразилецот по 12 месеци размислува да ја прифати големата понуда на Манчестер јунајтед.
Кутињо дојде на „Ноу Камп“ во јануари 2018 за „големи пари“ и од него се очекуваше да биде клучен фудбалер покрај Лионел Меси, Луис Суарез и Усман Дембеле, но тој се мачи со постојаноста и е мета на многу критики.
Бугарската фудбалска легенда Стоичков вели дека 26-годишниот Кутињо мора да ја докаже својата вредност во Барселона, повикувајќи на малку доверба во отворено писмо до „Мундо депортиво“.
„Ги пишувам овие зборови за тебе за да ти пружам целосно искрена поддршка во овие тешки моменти, бидејќи сум сигурен дека има многу фудбалери кои би сакале да бидат во истата позиција како тебе кога ги постигна тие два гола против Севилја во купот. Тој првиот гол, кога неверојатен фудбалер како Меси побара ти да го изведуваш пеналот, е многу значаен. Барса не е лесен клуб и во моите први неколку месеци таму, и јас страдав како тебе. Знам како е да чувствуваш дека работите не одат како што сакаш, но со работа можеш да одиш само напред. Уживај како што уживаш со Бразил. Јас се обидував да уживам во играњето како што кога играв за Бугарија и на крајот чувството беше исто. На крај мала услуга од тебе. Те молам не помислувај да се приклучиш на друг клуб. Нема друг клуб како нашиот. Затоа велат дека е повеќе од клуб. Ти посакувам сè најдобро, со цело срце и сигурен сум дека ќе напишеш историја со Барса. Главата горе! Голем поздрав, Христо“, напиша Стоичков.