Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, се појави пред новинарите по враќањето дома и неуспехот на Светското првенство во Катар.
Тој изјави дека има поддршка од народот, но дека некому е трн во око, затоа што не дозволува „мешетарење“ во и околу националниот тим.
„Нацијата ме поддржува 100 отсто, тоа го чувствувам, не ја лажам нацијата, ниту ќе ја лажам. Не сум Дедо Мраз што исполнува желби, имам став и некому тоа не му се допаѓа. Уште од март се знае дека некому сум трн во око. А зошто? Ги боли што немаат влијание врз репрезентацијата. Ги боли тоа што Спортскиот центар повторно презеде пофункционална функција, функција на мир и спокој. А не некоја кафеана каде што секој може да влезе. Нема такво нешто и многумина очигледно ги боли. Сепак, тоа е нивни проблем. Тоа се обидуваат да го уништат, се почувствува и во квалификациите. Пласманот на СП се обидоа да го прикажат како случајност. Тоа се споредни фактори кои постојано ќе ги имате. Свесен сум за тоа, имаме противници, нормално“, изјави Драган Стојковиќ.