Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше уште еден одличен настап во Ла Лига. Тој сочува „чиста мрежа“ во ремито (0:0) меѓу Рајо Ваљекано и Селта.
Неговата одбрана во 15.минута ќе конкурира и за најдобра во ова коло од шпанското првенство.
Столе Димитриевски покажа врвна класа откако ја спаси мрежата кога противничкиот напаѓач излезе во директен дуел со него.
📽️⚡️ @Dimitrievski1 ⛔️#RayoCelta | #LaLigaHighlights pic.twitter.com/gomzompmzs
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) November 10, 2022