Top Sport

Литванците ја завршија сезоната – Жалгирис е шампион

Кошаркарите на Жалгирис ја освоија титулата во Литванија откако националниот Сојуз прогласи крај на сезоната.

Играчите на Шарунас Јасикевичиус станаа шампионите порано од очекуваното откако првенството беше суспендирано поради пандемијата на коронавирусот. По 24 кола Жалгирис се наоѓаше на челната позиција со пет победи повеќе од најголемиот конкурент Ритас.

Кошаркарските натпреварувања во Европа се суспендирани, неизвесно е дали и кога ќе продолжат, а Литванците први решија да донесат конечна одлука.

Во наредниот период националните сојузи ќе треба да решат што понатаму и дали ќе решат да го следат примерот на Кошаркарскиот сојуз на Литванија.

Scroll to Top