Стоперот на грчки Олимпијакос, 27-годишниот Португалец Рубен Семедо кој минатата година дебитираше за националниот тим е уапсен во Атина поради обвинение за силување на 17-годишна девојка.
Полицијата доби пријава дека Семедо заедно со негов познаник наводно двајцата ја силувале девојката кој претходно ја запознале во бар. Таа тврди дека Семедо ја опијанил, а потоа ја однел до куќата во Глифада.
Веднаш по силувањето, според изјавата на девојката, таа заедно со мајка и отишле во полиција и го пријавиле случајот.
Грчките медиуми објавија видео снимка на која фудбалерот со лисици на рацете е спроведен во притвор, а притоа тој дофрла „Невин сум. Се е ова поради пари. Да не сум фудбалер, не би бил овде“.
Сепак, Семедо е веќе осудуван, неколкупати досега го кршел законот.
Во 2018 година додека беше играч на Вилјареал уапсен е затоа што во кафе бар се заканувал со пиштол.
Еден месец подоцна беше обвинет и за обид за увиство, по што пак заврши во притвор.
Со кауција од 30.000 евра бил пуштен да се брани од слобода. По утврдувањето на казната, тој бил „полесен“ за 46.000 евра, а забранет му е влез во Шпанија цели 8 години.