Фламенго синоќа во неверојатното финале од Копа Либертадорес со луд пресврт со 2:1 ја совлада Ривер Плата и го освои јужноамериканскиот трон, а вечерва Рио де Жанеиро застана и му оддаде почит на шампионот со неверојатна парада.
Габриел Барбоса постигна два гола откако Ривер имаше предност до 89. минута во луд меч за втора титула од Копа Либертадорес за Фламенго и прва по 38 години. Улиците на Рио беа претесни да ги соберат илјадниците навивачи на Фламенго.
Фламенго го освои Копа Либертадорес, Ривер со судбина како Баерн од 1999. (видео)