Top Sport

Стриниќ паузата од фудбалот ја искористи за рибарење

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ својот последен фудбалски меч го одигра во финалето на СП по Франција, по што лекарите на Милан му утврдија проблеми со срцето и му забранија да тренира.

Три месеци подоцна, Стриниќ вели дека е тешко да се поминува слободното време, и дека си купил брод и се посветил на рибарењето за да го „убие“ времето. Тој ветува дека ќе се врати на фудбалските терени.

„Морам да признам дека добро ми дојде одморот, бидејќи вака слободен не сум бил 10-15 години. Имам време за семејството, за пријателите, за работи кои не се поврзани со фудбалот. Имам добри вести дека ќе можам да се вратам на терените и тоа ме радува“, вели Стриниќ, кому лекарите му најдоа зголемување на срцевиот мускул.

И покрај уживањето во слободното време, Стриниќ не заборавил на фудбалот.

„Ја средував куќата, си купив брод па одам на риболов. Тоа се работи во кои можам да уживам. Но, едвај чекам да се вратам на фудбалот. Ми недостасуваат тренинзите, натпреварите, репрезентацијата. Имам 31 година и верувам дека имам уште време пред мене“, додава Стриниќ.

Стриниќ мора привремено да ја прекрати кариерата

Scroll to Top