Струга на две кола пред крајот на сезоната во македонската Прва лига, останува лидер со два поени предност пред Шкендија, победувајќи ја Брегалница на гости со 3:0, додека Шкупи останува сериозен кандидат со сигурната 0:2 победа на гости кај Силекс.
На дното на табелата, Победа веќе е второлигаш по 0:4 поразот од Скопје, за три поени за клубот од Автокоманда кои ги задржуваат во борбата за опстанок, а Тиквеш дома загуби со 1:3 од Работнички.
Струга поведе уште во осмата минута од мечот преку Христијан Малески, за ветеранот Бесарт Ибраими да зголеми на 0:2 од слободен удар во финишот на првото полувреме. На стартот на второто полувреме, Марјан Радески зголеми на 3:0 за големи три поени за тимот на Шпетим Дуро.
Во Кратово пак, Шкупи во второто полувреме стигна дод трите поени. Реналдо Сефас во 49. минута ги донесе гостите во водство, за потоа во 67. минута, Фреди Алварез со одличен гол од слобоен удар да ги постави конечните 0:2.
ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО
Брегалница – Струга 0:3
Победа – Скопје 0:4
Силекс – Шкупи 0:2
Тиквеш – Работнички 1:3
Фото: ФК Струга