Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум успеа да доведе уште едно квалитетно засилување во пресрет на новата сезона. Станува збор за нигерискиот интернационалец Хоган Укпа кој игра во средниот ред и доаѓа од тимот на Лиепаја.
Стружани играа против Лиепаја минатата година на европска сцена и тренерот Срѓан Захариевски ги увидел неговите квалитети.