Лидерот во шампионатот, составот на Струга Трим Лум, ја совлада Брегалница со 2:0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Малиќи во втората минута донесе водство за стружани, а пласманот го потврди Шабани со голот во 58.минута.
Македонија ЃП обезбеди нов пласман во полуфиналето откако ја победи Академија Пандев со 1:0. Адама Самаке беше стрелец на единствениот гол во 73.минута.
Третиот патник се решаваше со изведување удари од белата точка. Во Кратово, Силекс и Вардар одиграа 0-0 во регуларниот тек, а по пенал-серијата пласман во полуфиналето обезбеди Силекс. Вардарци не реализираа дури три пенали.
Големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија беше предвреме прекинато, при резултат 0-1, откако публика влета во теренот и ги нападна гостинските фудбалери. Конечниот збор ќе го имаат органите на ФФМ, но јасно е дека Шкендија ќе биде четвртиот полуфиналист во Купот.