Top Sport

Струга ТЛ против Гостивар ќе ја почне одбраната на трофејот во Првата лига

Македонскиот првак Струга ТЛ ќе игра против новиот прволигаш Гостивар на стартот на сезоната (6.август) во Првата лига. Вака е одлучено на денешниот ждреб во просториите на ФФМ.

Шкендија ќе му гостува на дебитантот во елитата, составот на Воска Спорт, а најинтересен на стартот треба да биде дуелот меѓу Работнички и Шкупи.

Вардар во првото коло ќе оди на гости кај Брера Струмица, додека Тиквеш ќе ја пречека Македонија ЃП. Брегалница ќе биде домаќин на Силекс.

Прва фудбалска лига, сезона 2023/24 (прво коло)

АП Брера Струмица – Вардар

Воска Спорт – Шкендија

Струга ТЛ – Гостивар

Тиквеш – Македонија ЃП

Брегалница – Силекс

Работнички – Шкупи

Scroll to Top