Top Sport

На австриски репрезентативец му е дијагностициран канцер

Германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах објави дека фудбалерот Штефан Лајнер боледува од рак на лимфните жлезди. Во соопштението се вели дека австрискиот фудбалер сега го очекува повеќемесечна пауза, бидејќи ќе мора комплетно да се фокусира на третманите за лекување од сериозното заболување.

„Ќе направиме сѐ што е во наша моќ за Лајнер да го добие најдобриот можен третман. Му посакуваме на него и на семејството многу сила и оптимизам во борбата со оваа болест“, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Роланд Виркус.

Штефан Лајнер има над 100 настапи за тимот на Борусија Менхенгладбах. Тој е репрезентативец на Австрија од 2017 година и има одиграно 37 натпревари за националниот тим.

Scroll to Top