Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум денеска (18 часот) во Вилнус ја отвора одисејата во квалификациите на Лигата на шампионите. Домаќинот Жалгирис е фаворит, пред сѐ поради поголемото европско искуство, но тренерот Шпетим Дуро вели дека секако двомечот ќе се решава на раваншот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
„Ова е историски момент за Струга ТЛ, ние сме горди што ќе играме во квалификациите во Лигата на Шампионите. Реално Жалгирис е фаворит на хартија, и тоа поради искуството на играње на вакви мечеви во квалификациите во Лигата на шампионите и воопшто на европските натпревари. Но, во фудбалот секогаш не победуваат фаворитите, а и Струга ТЛ има свои квалитети како шампион на Македонија. Би било убаво ако останеме непоразени. Ова е само прв дел од двомечот, а патникот за следната рунда ќе се решава на реваншот“, изјави Шпетим Дуро.
Натпреварот меѓу Жалгирис и Струга Трим Лум е закажан за 18 часот, а ќе има ТВ пренос на Националниот сервис.