Top Sport

Струга Трим Лум бара нова победа во Ѓорче Петров, Работнички со нов тренер гостува во Штип

Возбудувањата во Првата фудбалска лига се враќаат по двонеделната репрезентативна пауза, а денеска се закажани два натпревари од деветтото коло. Струга Трим Лум која досега има максимален ефект од осум победи, од 14 часот гостува во Ѓорче Петров и ќе игра против Македонија ЃП.

Капитенот Буњамин Шабани се надева на уште еден триумф за својот тим.

„Очекувам интересен натпревар со многу квалитетен противник. Сите знаеме како ја започнавме тековната сезона, но тоа е минато и тоа треба да се остави зад нас. Секој нареден меч е уште поважен. Јасно е дека Струга ТЛ сака продолжување на серијата, но тоа да се случи ќе мора Струга ТЛ да го извади најдоброто од себе денеска во Ѓорче“, изјави Буњамин Шабани.

Брегалница денеска од 15 часот во Штип го пречекува Работнички. На клупата на „романтичарите“ ќе дебитира новиот шеф на стручниот штаб, Милан Илиевски.

„На ред е Работнички. Знаеме дека им промени во тој клуб па сигурно ќе пристигнат максимално мотивирани во Штип, но ние веруваме дека можеме да продолжиме со добрите игри, а бодовите да останат во Штип“, изјави Иван Николов, фудбалерот на Брегалница, пред денешниот натпревар.

Останатите натпревари од 9.коло во ПМФЛ на програмата се утре.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top