Уругвајската ѕвезда на Барселона, Луис Суарез побара од неговиот соиграч Усман Дембеле да научи да биде посериозен ако сака да успее во клубот и во својата кариера.
Суарез ќе се судри со 21-годишниот Дембеле на „Стад де Франс“ во вторник, кога Уругвај гостува на светскиот шампион Франција во пријателски меч, и на прес-конференцијата пред мечот, тој вели дека не е вистина дека Дембеле не се навикнал на животот во Шпанија, но признава дека мора малку да биде посериозен.
„Нема проблем со адаптацијата, бидејќи односите меѓу соиграчите се одлични во Барселона. Гледаме дека е среќен, но како што рекоа и некои мои колеги, фудбалот е привилегија за секого и затоа тој мора да се фокусира и да биде сериозен. Има многу луѓе околу него од кои може да се инспирира, вистински професионалци. Тој мора да заслужи да биде тука и да триумфира со Барселона“, вели Дембеле.
Неодамна Дембеле е на удар на критиките во Барселона, откако минатата недела пропушти тренинг сесија со клубот откако цела вечер играл видео-игри со своите пријатели. Луѓето од Барса исто така велат дека е можно тој да има зависност од видео-игри и ветија дека ќе му помогнат.
Фото: ЕПА
И на Дешам му е доста од Дембеле: Сите знаеме дека секогаш доцниш