Top Sport

Суарез ја прослави втората титула со Насионал, 16 години по првата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, Луис Суарез ја освои својата втора титула во Уругвај со Насионал Монтевидео, 16 години по неговата прва.

35-годишниот напаѓач се врати во својот стар клуб во јули по крајот на договорот со Атлетико, и помогна со четири гола Насионал да ја освои титулата по 2:1 победата над Серито. Првата титула со Насионал, Суарез ја освои во 2006 година, но наскоро ќе стане слободен играч по крајот на сезоната во уругвајскиот шампионат.

Scroll to Top