Top Sport

Флорентино Перез: Не ме интересира Мбапе, a Винисиус и Родриго ќе бидат следните добитници на „Златна топка“

Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид, ја продолжи доминацијата на „кралскиот клуб“ кога е во прашање изборот на најдобрите светски фудбалери. Французинот е само надополнување на многуте легенди од минатото.

На свеченоста присуствуваше и Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, а дури четворица играчи од неговиот влегоа во топ 10 кандидати за освојување на „Златната топка“. Лука Модриќ заврши на деветтото место, Винисиус Жуниор на осмото, а Тибо Куртоа на седмото место. Белгиецот беше прогласен за најдобар голман на светот.

Перез, сепак, доби прашање од новинарите за Килијан Мбапе, за кој се шпекулираше дека ќе дојде во Реал Мадрид.

„Не ги читам шпекулациите за Мбапе, едноставно не ме интересираат. Би сакал да ги истакнам Винисиус и Родриго. Тие двајца би можеле да бидат добитници на „Златната топка“ во иднина , јас така го гледам нивниот потенцијал“, изјави Перез.

Scroll to Top