Top Sport

Суарез ќе паузира 3-4 недели по повредата на листот на ногата?!

Барселона синоќа загуби од Атлетик со 1-0, но на одреден период го загуби и напаѓачот Луис Суарез (32). Предвидувањата на шпанска „Марка“ се дека Угугваецот ќе паузира 3-4 недели, а од Барселона засега дадоа само кусо соопштение.

„Го повреди листот на десната нога. Брзината на неговото опоравување ќе го диктира враќањето на терен“ – соопштија од Каталонскиот клуб.

Синоќа Барса настапи без повредениот Меси, а од 37 минута играше и без Суарез.

Доколку се работи за посериозна повреда, тоа ќе биде голем удар за Каталонците затоа што во текот на подготовките Суарез беше во одлична форма. На две пријателски средби, со Арсенал и Наполи постигна 3 гола.

Scroll to Top