Top Sport

Клоп: Влетувањата на навивачи на терен веќе не се интересни!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не е воопшто смешно и интересно што навивачи втрчуваат во теренот. Германецот го рече ова пред гостувањето во Саутемптон каде денеска од 16 часот европскиот шампион ќе го одигра второто коло во Премиерлигата.

Во средата, непосредно по промашениот пенал на Абрахам и освојувањето на Суперкупот во Истанбул од страна на Ливерпул, еден навивач втрча во теренот, и бегајќи од редарите се лизна и со „лизгачки старт“ удри право во херојот на „црвените“ на тој меч, голманот Адријан.

„Не разбирам, зошто во светот на друштвените мрежи каде сме сите заедно, навивач скока преку ограда и удира во Адријан. Отече, но ќе видиме каква е состојбата. Треба да најдеме начин да стигнеме до победа. Ги сакаме нашите навивачи, нема сомнеж, но ако би можело да престанат да прават вакви работи. Игравме со Сити, некој влеа, против Норич – исто. Не е забавно, исто како и девојката во финалето на ЛШ, која потоа заработиле пари“ – рече Клоп.

Сепак, повредениот голман Адријан рече дека се чувствува подобро.

„Беше чудна ситуација затоа што славевме, а тогаш едно момче ја прескокна оградата и почна да трча кон нас. Помислив дека се лизнал кога беше блиску до нас, обезбедувањето го бркаше, и тогаш почувствував дека ме закачи по нозете од страна. Се беше чудно, но сега сум подобро, се надевам дека ќе сум подготвен за мечот.

Scroll to Top