Top Sport

Стоперот на Лион е рекордер – 114 прецизни додавања, без грешка

Француски Лион синоќа во второто коло од Лига 1 славеше убаедлива победа од 6-0 против тимот на Анжер, а стрелци на головите беа Ајуар, двапати Дембеле, двапати Депај и Жан Лукас.

Сепак, веројатно најдобар играч на Лион беше стоперот Џејсон Денаер од кога тргнуваа повеќето акции, а тој постави и импресивен рекорд.

Денаер имаше 114 од 114 прецизни додавања, повеќе од било кој уште од сезоната 2006/2007 откако се води прецизната статистика.

Никој пред него во една од петте најсилни лиги во Европа не успеал да го направи истиот учинок, дури ни одличните играчи од средниот ред од калибарот на Чави, Пирло или Крос.

Scroll to Top