Top Sport

Суарез погоди, Уругвај победи во Парагвај, Аргентина без Меси славеше во Чиле

Аргентина и Уругвај, забележаа победи во 15.коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Аргентинците победија во Чиле, а Уругвајците во Парагвај.

Уругвај, ја прекина серијата од четири порази и се врати во траката за пласман на Мундијалот во Катар. Уругвајците славеа во Асунсион против Парагвај со голот на Луис Суарез во 50.минута. Уругвајците беа подобри на теренот, во првото полувреме два пати ја погодија гредата, еднаш стативата од противничкиот гол.

Аргентина, во декември го потврди пласманот на СП, Чилеанците до крајот ги очекува жестока борба за место на СП. Без Лионел Меси, Аргентинците славеа со 2:1. Ди Марија го отвори резултатот во деветтата минута, потоа Беретон израмни во 21., а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во 34.минута.

Табела: 1. Бразил 36 (14 натпревари), 2. Аргентина 32 (14), 3. Еквадор 32 (15), 4. Уругвај 19 (15), 5. Колумбија 17 (14), 6. Перу 17 (14), 7. Чиле 16 (15), 8. Боливија 15 (15), 9. Парагвај 13 (15), 10. Венецуела 7 (14).

Scroll to Top